Врховниот суд ја блокира одлуката на Бајден за задолжителна вакцинација во компаниите

Врховниот суд на САД ја блокираше одлуката на претседателот Џо Бајден да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус во компаниите со повеќе од 100 вработени. Судот, сепак, ја потврди задолжителната вакцинација за вработените во здравствените установи кои користат федерални средства.

По неколкумесечни обиди да ги убеди оние кои се двоумат да ја примат вакцината, Бајден во септември објави дека сака вакцинацијата да биде задолжителна за неколку категории вработени. Мерката веднаш беше осудена од републиканците и дел од бизнис заедницата, сметајќи дека тоа е злоупотреба на положбата на Бајден.

Администрацијата на Бајден нареди тие компании да се вакцинираат или да прават тестови на неделна основа, но на сопствен трошок. Судот изјави дека ова претставува „упад во приватниот живот и здравјето на голем дел од вработените“. Во САД само 62 насто од населението е целосно вакцинирано, бидејќи има големи политички поделби по ова прашање. Од почетокот на епидемијата на коронавирусот, во САД починале повеќе од 845.000 луѓе.

Сподели