ТЕРА

REKLAMA???

ВТОРА БАЛКАНСКА ВОЈНА НА ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТИ

По повод Денот на српското единство, слобода и националното знаме и 105 години од пробивањето на Солунскиот фронт, викендов во Офицерскиот дом во Битола беше отворена изложбата насловена „Втора Балканска војна на фотографии и документи“ од авторот проф.др. Дејан Антиќ. На изложбата присустваа делегации од Македонија, Србија, Црна Гора и Р.Српска. Изложбата ја организираше Заедницата на Србите од Битола, а присутните ги поздрави претседателот на заедница Зоран Жугиќ.

Tој посебно упати благодарност за присуството на министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Р.Србија Никола Селаковиќ и претседателот на Народното Собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.  

„ Драги браќа сестри, дами и господа, драги сограѓани, драги пријатели, од Битола, од цела Србија кои што денеска дојдовте на ова наше одбележување од пробивањето на Солунскиот фронт и Денот на српското единство, слобода и националното знаме“, рече Жугиќ.  

Изложбата на историчарот и професор на Филозовскиот факултет во Ниш проф.др. Дејан Антиќ „Втора Балканска војна на фотографии и документи“ се состои од 21 пано на кои се прикажани важни фотографии и документи, но и извадоци од дневници и го следи целосниот тек на втората балканска војна.

„Се собравме вечерва за да се сетиме на нашите јунаци од Кајмачкалан, јунаците од Цер и Колубара, од горно Чева, од Добро Поле, но и нашите јунаци од Брегалница. Како што сите знаеме оваа година одбележуваме и 110 година од завршувањето на Втората балканска војна. Посебна благодарност упатувам до фамилијата Жугиќ, на која навистина им должиме многу, фамилијата Жугиќ која го чува српскиот идентитет и нашето идентитетско име и на просторот на Битола, и на Пелагонија и на Кајмакчалан. Нашата благодарност оди и до нашите браќа и сестри од С.Македонија, Македонците, градоначалникот, заменик градоначалникот на Општина Битола, бидејќи тие се вечерва домаќини на овај собир и тие се домаќини на денешното одбележување на Денот на српското единство, слобода и националното знаме и годишнината од Битката на Брегалница и годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт“, рече проф.др.Антиќ.

Пред присутните гости свое излагање имаше министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Р.Србија Никола Селаковиќ.

 „Поканата за да дојдеме во Битола има два поводи. Едниот е да ја отвориме оваа прекрасна изложба која е посветена на 110 годишнината од Брегалничката битка и крајот на Втората балканска војна, а другиот повод е маршот на Кајмакчалан и Старавински вис, местото каде легендарниот Воин Поповиќ, Војвода Вук го остави својот живот, односно загина во далечната 1916 година. Со огромна и несебична благодарност, градот Битола, градоначалникот, заменик градоначалникот, но и српската заедница овде во С.Македонија ние успеавме да организираме отворање на оваа прекрсна изложба. Зошто е значајна оваа изложба? Балканските војни како такви посебно југословенската историјографија после Вторната светска војна, се забележани на начин кој по ништо не одговараше на онај момент кога се одвиваа. Тоа беа војни насочени на протерување на повеќевековниот окупатор на балканските простори, на кој живееја убедливо повеќето од словенскиот православен народ, денес Срби и Македонци, Бугарскиот народ секако и Грци кои не се словенски, но секако се православен народ“, изјави Селаковиќ.

Претседателот на Народното Собрание на Р.Српска Ненад Стевандиќ истакна дека српската историја е голема и дека за неа не постојат граници, а Србите можат да се гордеат затоа што ја градат иднината на најдобри основи, почитувајќи ги оние кои со својата големина и пожртвуваност ја обезбедија слободата.

„Битола е камен темелникот на почетокот на ослободувањето на балканскиот и словенскиот народ и почеток на една епопеја, на заедништво и создавање на некои нови и подобри држави кои биле засновани на некоја врста на словенско братство. Така што тој пламен кој што ослободителите со голема жртва го запалија на Кајмакчалан се виде и во Бања Лука, и во Бања Лука после неколку години тој пламен роди оган кој дочека ослободување во 1918 година. Нашата историја е голема, за неа граници не постојат, ниту постојат царини и цариници.Разбирањето кое го имаме меѓу себе е на највисоко ниво, а и разбирањето со другите народи и држави, посебно со С.Македонија е на високо ниво и можеме да бидеме горди бидејќи иднината ја градиме на најдобри можни терени, со поштовање на оние кои со својата величина и жртва обезбедија слобода, надевајќи се на подобри денови, негувајќи ја таквата традиција“, изјави Стевандиќ .

На крај од свечената церемонија претседателот на Заедницата на Србите од Битола Зоран Жугиќ во знак на заедничката соработка и заедничкото одбележување на Денот на српското единство, слобода и националното знаме како и 105 годиншнината од пробивањето на Солунскиот фронт на дел од гостите им додели благодарници и плакети.