Вторник на седница на Совет ќе се одобрат пари за ФК „Пелистер“

За вторник Советот на општина Битола закажа седница со една точка на дневен ред. На ова претходеше седница на Комисијата за млади, спорт и рекреација која се оджа на 13 јули каде се разгледуваше актуелната состојба со ФК „Пелистер’ Битола.

На истата е одлучено да се донесе Одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност на договорот за доделување на финансиски средства на акционерските спорткси друштва, со која ќе се измени начинот на исплата на финансиските средства на ФК „Пелистер“ за 2021 година.

Оваа намера на општината пред неколку дена беше најавена по средбата на градоначалничката Петровска со претставници на навивачката група „Чкемвари “ и претставници од клубот.

Сподели