Втор ден Божик

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска е вториот ден од Божиќ, кога христијанската Црква и оддава слава на Пресветата Божја Мајка, родителка на Господ и спасителот Исус Христос.

Ова празнување се нарекува нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават нејзе, која е Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица.

Во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божиќ и празнувањето е во духот на носителката на Господ на овој свет, која уште се нарекува и Девица Марија.

Share.