Втор ден од судскиот процес во Сенатот за отповикување на Трамп

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во американскиот Сенат почна вториот ден од судскиот процес за отповикување на претседателот Доналд Трамп, со претставување на аргументите на обвинителите и бранителите.

Kонгресменот од Калифорнија Адам Шиф, раководител на обвинителниот тим,  ги претставува аргументите за отстранување на Трамп од власта, обвинет за злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот.

Адвокатскиот тим на Трамп изјави дека нема да известува колку време ќе им биде потребно за приложување на својата позиција по случајот.

-Спремни сме да почнеме ослободување од вината, изјави Џеј Секулоу, адвокат од одбраната.

Државниот секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е спремен да даде исказ во рамките на судскиот процес за отповикување на Трамп, ако има обврска тоа да го направи.

 

Share.