Денеска во Битола се одржа вториот Форум на заедницата за програмата за праведна транзиција на регионите со јаглен. Претставници на општините, енергетските компании, невладин и бизнис сектор учествуваа на Форумот организиран од општината и Центарот за истражување и информирање за животна средина ЕКО СВЕСТ.

Енергетската транзиција е светски процес поткрепен со анализи, стратегии и конкретни активности. За нас можеби поважно е што е и европски процес во кој Македонија има потпишано договори со кои гарантира дека своите политики ќе ги гради кон декарбонизација на обновливи извори во годините кои претстојат.
„Идејата е да ги вклучиме граѓаните, жителите и сите тие кои имаат идеи или се на некој начин засегнати од овие процеси со преод од користење на јаглен кон други алтернативни поздрави и подобри извори на енергија. Праведна транзиција значи вклучување на сите, каде што сите ќе може да го кажат своето мислење, своите ставови и заеднички да донесат правци, мерки развојни, предлози кои што нема да исклучат никого во овој процес на енергетска и општествена трансформација во која што живееме и делуваме сите ние “ рече денеска Жарко Коневски, раководител на програмата за енергијаа во Центарот за истражуавње и информирање за животна средина ЕКО СВЕСТ од Скопје.

Претставници од општината, невладиниот сектор, фондации, ЕСМ и РЕК Битола, бизнис секторот, сите денеска дебатираа за политиката за енергетска транзисија. Социо-економскиот аспект на енергетската транзиција не може да биде единствениот приоритет. Здравјето на сегашните генерации, не само на следните поколенија, мора да биде во приоритетите. Граѓаните мора да имаат навремена информација и директно да учествуваат во планирањата и реализацијата. За некои активности рокот е 2030 година, за други 2050 година, а мора да се реализират според европските правила. Ние треба да знаеме што е реално остварливо и рационално.

„Стратегиите постојат, националните планови постојат, тие се прилично амбициозни, овие датуми и термини кои ги споменувате се наоѓаат таму, постојат предизвици тие рокови можеби и да се поместуваат. Тоа се зависи од имплементацијата и од пронаоѓањето на решенија кои што во периодов до тие крајни рокови ќе треба да се преземаат за да може таа транзиција, трансформација од енергетска да биде и праведна и да може да се реализира. Значи, ние неможеме да чекаме, ако некој рок е поставен до 2030 или 2040 година ништо да не правиме во меѓувреме. Други региони, други градови ја правеле оваа транзиција во периоди кои што траеле 10, 15, 20 години. За да имаме промена која ќе биде квалитетна за регионот мораме да почнеме сега ако не сме почнале вчера да планираме и да работиме веќе на имплементација на одредени мерки коишто можеме во моментов, оваа година, следната година, следниот период да ги преземаме, за да може да дојдеме до решенија кои што ќе значат оттргнување од фосилните горива, декарбонизација и примена на нешто што значи поздрава и подобра животна средина. “ вели Коневски.

Сведочиме на т.н фотоволтаичен бум во Македонија, но има и други економски оправдани проекти кои се реализираат во светот, рече Елена Николовска, раководител на одделот за клима во нелвадината ЕКО СВЕСТ, презентирајќи го конгресниот центар во Катовице, Полска. И тоа во Шлезија, регион кој со векови целосно социо-екеномски е зависна од јагленот. На местото на ископот денеска се наоѓа огромен конгресен центар кој генерира приход исто како и рударскиот комбинат кој бил таму, но без штетните последици со ископувањето и обработката на јагленот ги предизвикува на екосистемот во непосредната близина и врз луѓето.

„Ова се процеси кои се случуваат во Европа, во евроските држави, проблемите и решенијата постојат и кај нив. Ништо не е ниту решено ниту пак идеално во другите европски држави, со исти проблеми се соочуваат жителите на градовите, регионите кои што се со јаглен или имаат рудници, ископи на јаглен, кои што користат енергија од фосилни горива, кои што транзитираат кон некои нови алтернативни извори на енергија, се соочуваат со истите проблеми со истите предизвици. Не сме исклучок и ние, ако можеби не сме дел од ЕУ меѓутоа проблемите и состојбите се слични. Ние ги користиметие искуства, гледаме што се случува таму, меѓутоа и гледаме како овде кај нас треба да ги вклучиме сите што се засегнати да ги кажат своите мислења. Развојот не е спор, потребно е да постои развој во регионот, во градот, меѓутоа тој развој да одговара на потребите на жителите и на граѓаните за да имаме здрави и способни жители кои што ќе сакаат да живеат, работат и творат во градот и регионот “
Општина Битола ја реализира стратегијата за енергетска ефикасност, првин на јавните општински објекти, кои веќе ја намалија потрошувачката на електрична енергија. И бизнисот во регионот се повеќе е ориентиран кон сончевата енергија, бројни се стопански субјекти кои ја користат.

Визијата пак на ЕКО СВЕСТ споделена и низ овие форуми е енергетски сектор во кој иновативното користење на нови технилогии овозможува тој да е целосно заснован на децентрализирано, одржливи користење на обновливи избори на енергија, при што со минимална потрошувачка на енергија се постигнува максимален развој на општествеото, а истовремено има минимално негативно влијание врз животната средина и јавното здравје.












