Вулканот Килауеа на Хаваи уништи 31 куќа

0
709

На големиот остров на американската сојузна држава Хаваи е наредена евакуација на населението кое живее близу вулканот Килауеа по неговата ерупција и исфрлање лава на блиската станбена населба.

На снимките се гледа како лава излегува од пукнатините кои се отвориле на патот и стигнуваат непосредно до куќите.

Уништени се 31 куќа.Вулканот исфрла лава на височина од над 61 метар.

Околу 1.700 луѓе беа евакуирани, а дел од нив подолг период нема да можат да се вратат во своите домови.Пукало стакло, се кршеле садови, ѕидовите се треселе, а и патиштата пукале.

Околу 240 лица минатата ноќ ја поминаа во засолништа. Дел од нив добија дозвола денеска да одат  до своите домови и да ги земат миленичињата, потребната медицинска терапија или документи.

Научниците предвидуваат дека вулкански ерупции и земјотреси може да има во следните неколку месеци.

Килауеа е еден од петте активни вулкани на островот, континуирано еруптирајќи од 1983 година.

Пукало стакло, се кршеле садови, ѕидовите се треселе, а и патиштата пукале.

Вулканот Килауеа, кој во четвртокот почна да изфрла лава и пареа во местото Пуна, уште е активен.