Вучиќ: Една искра може да го запали целиот регион

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Доколку преговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово не бидат обновени, тоа може да го дестабилизира регионот на Западен Балкан кој сѐ уште заздравува од војните од 1990-тите, изјави за Ројтерс српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Секој ден одложување може да создаде услови во кои една искра може да го запали целиот регион. Западните држави треба да го знаат тоа“, кажа Вучиќ. „Тоа е ризикот кога се поттикнуваат националистичките чувства“.

Како одговор на напорите на Србија да го спречи членството на Косово во меѓународните организации, Приштина воведе царини од 100 отсто на увозот на стока од Србија, што српската економија може да ја чини 600 милиони евра годишно.

За да се врати во дијалогот, Србија бара укинување на царините, што го поддржуваат и ЕУ и САД.

mkd.mk

Share.