Вучиќ побара од Путин совет за Косово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера во разговор со претседателот на Русија Владимир Путин побарал мислење и совет како да се спротивстави на насилството и агресијата на Приштина, бидејќи сосема е јасно дека Албанците за својата еднострано прогласена независност имаат широка поддршка од голем број западни земји, соопшти кабинетот на претседателот на Србија.

Во соопштението на српскиот претседател се наведува дека „Путин се согласи дека е свесен за притисоците кои се вршат врз претседателот Вучиќ и Србија, и дека, во согласност со тоа, ќе преземе понатамошни мерки и ќе реагира на време и истакна дека двајцата претседатели ќе останат во контакт“.

„Претседателот Путин истакна дека Србија е клучниот партнер на Русија на Балканот, но и во Европа, и дека Руската Федерација ќе ја поддржува Република Србија и нејзината борба за зачувување на независноста и територијалниот интегритет“, се наведува во соопштението.

Вучиќ кажа дека Србија нема да учествува во спроведувањето мерки против Русија и дека нема да протерува руски дипломати и покрај фактот што речиси сите земји во реигонот веќе го направија тоа.

Кремљ претходно соопшти дека Путин во разговорот со Вучиќ ги осудил „провоцирачките акции“ на приштинските власти во Косовска Митровица.

mkd.mk

Share.