Вучиќ потврди дека продолжува дијалогот со Косово

0
252

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи на 26 февруари во Брисел. Тој најави и дека ќе се состане со косовскиот претседател Хашим Тачи кон крајот на овој или на почетокот од идниот месец. Според него, потребно е да се постигне компромис со Албанците кој е од витално значење за Србија и за српскиот народ.