Вучиќ прогласи победа на општинските избори во Белград

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на вчерашните општински избори во Белград откако излезните анкети покажаа дека неговата владејачка Српска напредна партија добила околу 45 насто од гласовите. Според првичните резултати, листата на поранешниот градоначалник на Белград Драган Ѓилас имала освоено околу 19 насто. „Ова е најдобар резултат во Белград досега. Оваа победа не беше лесно да се постигне“, изјави Вучиќ пред неговите сопартијци. Одѕивот на овие избори бил околу 51 насто. Конечните резултати се очекуваат во вторник.

slobodnaevropa.mk

Share.