Вчера поради настанатото невреме екипите на ЈП „Комуналец“ беа на терен за расчистување на штетите настанати од силниот ветер, кој според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на моменти достигнуваше и над 70 км/час.
Од „Комуналец“ информираат за едно паднато дрво на ул. „Македонска Фаланга“, пет на ул. „Партизанска“, две околу Офицерски дом, две дрвја во Брусничка населба, едно во Лавчанска населба, потоа дрвја во големиот парк, паркот кај саат кулата и паркот Стив Наумов.
Исто така имаше и случаи на паднати лимови од кровови.












