ТЕРА

REKLAMA???

ВЧЕРА НЕВРЕМЕ ВО РЕОНИТЕ НА СВЕТИ НИКОЛЕ И НЕГОТИНО

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети од невремето во непосредна близина на с.Кадрифаково. Поточно, од поројниот дожд и големата количина вода што надојде беше поплавен надвозникот кај с.Кадрифаково, при тоа на самиот регионален пат Штип – Свети Николе имаше насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок, а имаше и оштетување на патот од поројната вода, при што беше направено голема дупка.

На лице место беа екипа од полицијата – ПС Свети Николе, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, а и од ЦУК – раководителот на РЦУК Свети Николе се додека последиците од невремето беа веднаш расчистени.

На 112 е добиена и пријава од гром во Неготино, по што на улица „Пано Калајџиски“ и околината, при што имаше прекин на електрична енергија и штети на уништени апарати во домаќинството како последици од громот. Екипите на „ЕВН Македонија“ веднаш реагираа на лице место и го отстранија дефектот.

Според УХМР, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и на места град. Затоа на граѓаните се препорачува на внимателност пред и за време на локалните метеоролошки нестабилности.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Фото: Центар за управување со кризи