В недела во Битола „Државно првенство во модерни танци 2018“

0
2281

На 10 јуни во Спортската сала „Младост” во Битола ќе се одржи Државно првенство во модерни танци 2018.

Организатор на Државното првенство е Танцовиот спортски клуб Expose од Битола, како домаќин и Македонската Асоцијација за Модерни Танци.

На првенството учество ќе земат над 2000 танчери од 15 танцови клубови , членови на МАМТ, кои ќе се натпреваруваат за титулата Шампион на Македонија во Модерни Танци.

„За битолчани покрај 2000 танчери Светски шампиони во Latino, Hip Hop, Break dance, Jazz, Ballet им овозможивме бесплатен влез за сите оние кои уживаат во оваа спортска уметност. Expose ќе има 460 натпреварувачи во неколку дисциплини и старосни категории. Ве очекувам во што поголем број да ги охрабриме натпреварувачите”, изјави Бобан Катароски од ТСК Expose.

Натпреварот ќе биде во согласност со правилата и прописите на IDO – International Dance Organization.