Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ в петок на 25 април на платото пред Офицерскиот дом во Битола организира отворен ден под мото „Корени и крилја“.
„Богати содржини, интерактивни активности, корисни презентации – за сите посетители. Одлична можност да се запознаете поблиску со УКЛО КОЛОРС, нашата работа, да поставите прашања и да уживате во инспиративна атмосфера“ се вели во информацијата од битолскиот универзитет.












