В петок уставните амандмани ќе бидат доставени до Собранието

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во петок се очекува Владата да ги достави до Собранието нацрт уставните амандмани. Ова е следна фаза,  по  одлуката на 80 пратеници кои гласаа „за“ пристапување кон промена на Уставот.

По доставувањето во Законодавниот дом секој од четирите амандмани преку кои ќе се интервенира во  Уставот, ќе треба да поминат низ претрес во две собраниски комисии.  Според деловничките рокови од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Ова значи дека доколку нацрт амандманите бидат доставени во петок на 26 октомври, еден месец подоцна кон крајот на ноември треба да бидат изгалсани во Собранието. За гласањето во оваа фаза е потребна подршка од 61 пратеник.

Но, овие рокови можат да бидат и покуси, бидејќи  претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена како во комисиите, така и на пленарната. Пратениците имаат право на збор повеќепати, но не повеќе од 20 минути, што дава можност оваа фаза да заврши побрзо од максимално дозволените рокови.

Share.