Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола, в петок 11 август екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ларвицидна превентивна теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.
Во случај на појава на неповолни временски услови како ветер и дожд дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.












