В петок ќе се фрла крстот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во тек се подготовките за големиот христијански празник Водици. Од храмот Св. Великомаченик Димитриј очекуваат годинава да има поголем интерес кај граѓаните кои ќе сакаат да скокнат во водите во црковниот базенот со оглед на потоплото време. Утре на Водокрст ќе го наполнат базенот со вода. Денот пред големиот христијански празник Богојавление се извршува голем богојавленски водосвет и затоа празникот е наречен Водокрст кога е и строг пост .

-По Богојавленската Литургија со огромно пеење на стиховите на торженствениот тропар со кој што ќе се објави Кршението на Господа во Јордан како и сведоштвото на Света Тројца верниот цар на чело со Надлежниот архиереј ќе се упати до местото определено за осветување на водите. И оваа година очекуваме мноштво верни луѓе, да влезат во студените води и таму да го стекнат благословот на осветувањето. Најсреќниот од нив ќе го подигне крстот од осветените води, за што покрај благословот ќе биде награден и со пригоден подарок од страна на нашите редовни дарители и големи пријатели, изјави Протоереј Кирил Трајковски.

Преспанско пелагониската епархија празникот Богојавление секоја година го одбележува со централна свеченост во Храмот Св. Великомаченик Димитриј каде пред бројните верници, црковна богослужба одржува митрополитот г.Петар. Така ќе биде и годинава.

-На Богојавление блеска од небото светлината на Просвештението, а природата се радува чекајќи го своето обновување. И водите брзаат да го сретнат Христа, примајќи од Него осветување. Оти како што вели Св.Јован Златоуст, после сјајната зора на Христовото Рожденство, на Богојавление го гледаме полниот блесок на денот, додаде Протоереј Кирил Трајковски.

Според вековната традиција во црковниот базен во Храмот Св. Великомаченик Димитриј секоја година по светиот крст скокаат околу дваесеттина момчиња, а најхрабар и најсреќен минатата година беше шеснаесет годишниот Виктор Манговски.

 

 

 

 

 

Share.