ТЕРА

REKLAMA???

В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информира дека во понеделник 29.мај ќе спроведува ЛАРВИЦИДНА  ПРЕВЕНТИВНА теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните  облици на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците. 

Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes и Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум).

За активностите на Центарот за јавно здравје се известени медиумите, здруженијата на пчеларите, локалната самоуправа и сите останати надлежни институции. 

Во случај на појава на неповолни временски услови ( ветер и дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, се вели во информацијата од Центарот за јавно здравје од Битола.