Културниот и информативен центар – Битола се приклучува кон прославата на 4-ти – Ноември „Денот на ослободувањето на Битола”.
По тој повод ќе го организир првиот „Отворен ден” во Офицерски дом.
„Конечно битолчани и сите останати посетители ќе можат да уживаат во најубавиот и најпрепознатливиот културно – историски споменик во Битола. Спомени се будат, битолчани љубопитно прашуваат, ѕиркаат кон Офицерскиот дом. Речиси да нема некој кој не споделува спомен со ова прекрасно здание. Време е, да ја задоволиме љубопитноста на битолчани и сите добронамерници. Знаеме дека ќе Ве има во голем број, а ние ќе се потрудиме да бидеме достојни домаќини“ велат од Културно-информативниот центар.
Отворениот ден ќе биде в сабота на 5-ти ноември од 09.00 до 21.00 часот.













