В сабота ќе се одржи 5-тата Меѓународна научна конференција на БАС

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

67 трудови ќе бидат презентирани на 5-тата по ред Меѓународна научна конференција  која што ја организира БАС Институтот за менаџмент. Според претседателот на организацискиот одбор и заменик директор на БАС, проф.др Лидија Стефановска годинешната начна конференција со наслов „ Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ е со посебен предметен фокус „Иновациите и организацискиот развој“. Конференцијата ќе се одржи во сабота со почеток во 9:30 во просториите на БАС во Битола .

-На конференцијата се пријавени 67 трудови, од кои три ќе бидат презентирани во пленарниот дел на конференцијата а останатите 64 ќе бидат презентирано во конференциските сесии. Кога ќе направием една ретроспектива на конференцијата , можеме да кажиме дека досега се пријавиле 417 трудови од повеќе земји учеснички, што претставува една импозантна бројка која ја вбројува оваа конференција во редот на позначајните од областа на менаџментот, како во нашата држава така и во регионот. Целта на конференцијата е да се идентификуваат добри практики кои што се однесуваат на иновациите на организациско ниво, и секако поврзаноста на иновациите воопшто со организацискиот развој и конкурентноста на организациите, рече проф.др. Лидија Стефановска, претседател на организацискиот одбор и заменик директор на БАС.

Годинашни соорганизатори на Меѓународната научна конференција покрај БАС како постојан партнер и соорганизатор се и Факултетот за стратегиски и оперативен менаџмент од Белград, Здружението на економисти и менаџери на Балканот со седиште во Белград и МНД од Битола.

-Фокусот на оваа конференција не беше случаен. Ние пред две години го почнавме вториот голем проект во БАС Институтот за менаџмент а тоа е „Влијанието на иновациите врз конкурентноста на организациите. Покрај тој емпириски дел на истражувањето сакавме пошироко да согледаме што е она што во овај регион на Европа се случува со иновациите како движечка сила за конкурентноста.Тие две димензии заедно со она што ќе го направиме во наредната година ќе бидат составен дел на извештајот кој што ќе биде доставен до сите и научни меѓутоа и практични носители на активностите за конкурентноста на организациите, како клучен фактор и за благосостојбата на земјата но и за организациите и нивната одржливост на подолг временски период, рече проф.др. Цветко Смилевски, претседател на програмскиот одбор на конференцијата и основач на БАС.

На свеченото отварање на конференцијата ќе бидат презентирани и две нови изданија на книги на БАС. Едната со наслов „Маркетинг„ од авторите Маја Кочовска и Дијана Ивановска Пржо, а втората е „Водич за стратегиско планирање“ од авторот Лидија Стефановска . Во рамки на конференцијата, во текот на утрешниот ден ќе се одржат и предконференциски активности поделени  во два блока.

-Едната обучувачка работилница се однесува за тимски дизајн и посакувана иднина каде што присутни ќе бидат наставниците и менаџерите од Пелагонискиот регион, како обучувачи ќе бидат нашите Горазд Смилевски и Даниела Карадаков и втората обучувачка работилница за ученици и за наставници „Иновации, креативност и бизнис во управувањето со опасниот отпад во сенка на еколошкиот печат“, под обучувачко искуство на професорот Денеш Тот, рече проф.др Тони Соклевски, директор на БАС Институтот за менеџмент.

5-тата Меѓународна конференција ќе се реализира со подршка на МОН, Општина Битола, Стопанската регионална комора од Битола, Рек Битола како и 10-тина мали и средни претпријатија.

Share.