В среда пратениците ќе гласаат за доверба на Владата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ја достави интерпелацијата до Собранието. Во интерпелацијата се наведени критики за економијата и надворешната политика и обвинувања за селективна правда, криминал и корупција од членови на премиерскиот кабинет. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврди дека собраниските служби ја добиле интерпелацијата и најави дека во вторник ќе ја закаже седницата за гласање на доверба на Владата која ќе се одржи во среда.

Според Деловникот на Собранието, пратениците гласаат за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Седницата ќе трае до полноќ кога ќе биде и гласањето, а пратениците подносители ќе имаат можност да го образложат барањето пред колегите. Деловникот предвидува и дека премиерот Заев ќе има можност да се обрати пред пратениците во однос на интерпелацијата. За да се изгласа недоверба на Владата потребно е просто мнозинство од 61 глас.

Share.