В среда ребаланс на буџетот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во среда пред битолските советници ребалансот на буџетот. Неодамна го прашавме претседателот на Совет Валентин Груевски зошто е потребен ребаланс на буџетот?

Пред битолските советници ќе се најде и Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локалната патна мрежа и улиците во Општина Битола за 2018 година. На дневен ред е и Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2018 година. Истата е објавена во „Службен Гласник на Општина Битола„ а се вршат измени и дополнувања во делот на Планирани приходи  и расходи за реализација на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2018 година . Според програмата планирани приходи за реализација се 69.200.000,00 денари. Од нив за Електрична енергија предвидени се 39.600.000,00, за Поправки и одржување на опрема 19.000.000,00 денари, за Одржување на улично осветление на други градби 400.000,00 денари, за Изградба на капацитети во енергетиката 6.820.455,00 денари, за Реконструкција на капацитети во енергетиката 2.779.545,00 и за Надзор над изградбата 600.000,00 денари.Програмата влегува во сила со денот на донесување, а ќе биде објавена во Службен гласник на Општина Битола.

Пред советниците ќе се најде и Одлуката за изведување на градба за изградба на спомен плоча на загинатите над 8.000 италијански војници на македонскиот фронт (1916-1918).

-Според одлуката изградбата на спомен плоча на загинатите над 8 илјади италијански војници на македонскиот фронт ќе се изврши на посебна локација во битолскиот градски парк. Сосавен дел на оваа одлука се микролокациските услови за поставување на спомен плоча на загинатите италијански војници на македонскиот фронт. Целата активност е во координација со италијанската амбасада и во рамки на програмата за одбележување на заначајни историски настани донесена од советот на општина Битола, вели претседателот на Совет Валентин Гуруевски за МИА.

Советниците во среда ќе расправаат и за годишната работа на училиштата и градинките од градот.

Share.