В четврток Есенски саем на „Зелена Берза“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Здружението за едукација на земјоделци „Зела Берза“ организира есенски саем. Целта на саемот е промоција на земјоделското производство. Преку панел дискусија насловена „Агро бизнис муабети“ , посетителите ќе имаат можност да дискутираат за најчестите проблеми со кои се соочуваат, а стручни експерти ќе се обидат да ги решат нивните дилеми.

-На панел дискусијата стручни лица ќе презентираат одредени теми кои што се актуелни во земјоделството, после нивната презентација присутните гости ќе може да поставуваат прашања. Како теми се предвидени даночните реформи каде што даночен советник од УЈП ќе ги презентира новините, ќе се дискутира за можностите кои ги нуди Ипард програмата,  и најактуеланата тема за легализацијата на фарми. Присутните ќе имаат можност да се запознаат и со други теми како што се ѓубрење и заштита како основен предуслов за квалитетно земјоделство итн, рече Павлина Јовановска, новинар во „Зелена Берза“. 

На Есенскиот саем со свои производи ќе се претстават и локални произвоители од цела држава.

-Локални производители од цела држава ќе можат да ги промовираат своите производи . Дознале за саемот од списанието Зелена Берза кое што излегува еднаш месечно. 3000 примероци се доставуваат до сите земјоделци нарака, за тоа најголем поддржувач ни е Симпекс-Битола, додава Јовановска. 

Секој земјоделец може да биде член на Здружението „Зелена Берза“, а со самото членство добива купони за попусти од околу 10 тина компании.

-Работата на Здружението се состои и во помагање на земјоделците да добијаат повеќе попусти од одредени компании. Со нивното зачленување кај нас за една година добиваат попусти од 10 тина фирми со што се опфатени сите нивни потреби. За нив организираме семинари и обуки. Бројот на членови секојдневно ни се зголемува, а интересот од ден во ден расте и за нашето списание, рече Валентина Соколовска од „Зелена Берза“

Настанот е отворен за сите, ќе се одржи в четврток во Хотелот Премиер кај Лавчански пат од 10 до 15 часот. Есенскиот саем ќе го отвори раководителот на ПЕ на МЗШВ во Битола Методија Илиевски.

Share.