Гагачовска: Да бидеме сите внимателни пред најавениот есенски бран

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

И во Битола малку хоспитализирани пациенти, намален притисокот врз болницата, со што таа се врати во редовен режим на функционирање.

Инаку рекордната бројка на хоспитализирани во големиот ковид бран стигна и до 170  пациенти. Наеднаш како со нож пресечана е високата бројка, вели Д-р Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница и апелира на внимателост, да се применуваат мерките за заштита од ширење на вирусот и да се пријават граѓаните за вакцинација против Ковид 19.

Во моментов хоспитализираните пациенти не се со тешка клиничка слика, тие се во фаза на излекување.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 126 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

 

Сподели