ТЕРА

REKLAMA???

ГАРДЕН ЦЕНТАР „СТОШИЌ“ НА ПЕТТИОТ РОДЕНДЕН ВО НОВ ПРОДАЖЕН САЛОН

Буда рекол „Ако можеме јасно да го видиме чудото на еден цвет, целиот наш живот ќе се промени”, а Окакура Какузо додал своеверемено дека “Во радост или тага, цвеќињата се наши постојани пријатели”, кога ќе подразмисли човек и така е, има ли повод кој поминал без цвет?

Токму на оваа тема, синоќа пред битолчани и регионот, Гарден центарот Стошиќ во населбата Горно Оризари на својот 5 роденден, им го промовираше новиот продажен салон. Уникатно стокмено место со посебно внимание и љубов на радост на сите љубители на цветот, аранжманот, хортикултурата во целост или можеби овошните садници.

Во ова време невреме во кое живееме можеби смиренеито лежи токму во мало катче стокмено за вашата душа. Секој од нас го посетува овој свет накратко, затоа не брзајте, не грижете се и одвојте време да уживате во мирисот на цвеќињата по патот, во тоа е смислата на живеењето.

Магијата која се постигнува со еден цвет тешко се постигнува со нешто друго. Токму едно цвеќе, Ве креира, обликува и дефинира, кој сте и што сте Вие? Ако цветот расте и цвета, значи Вие сте посветена и одговорна личност, која знае да се грижи. Ако го подарувате, зборува многу за вашата внимателност. Ако го купувате за себе, тогаш со сигурност ќе речам, Вие знаете како да се разгалите себе, зошто цвеќето е привилегија за оние кои не ги поседуваат овие доблести.

За  крај на оваа успешна приказна ќе кажам една мудра кинеска поговорка која вели „Внимавајте на вашите мисли, бидејќи тие стануваат ваши зборови. Внимавајте на вашите зборови бидејќи тие стануваат ваши дела. Внимавајте на вашите дела бидејќи тие стануваат ваши навики. Внимавајте на вашите навики бидејќи тие стануваат ваш карактер. Внимавајте на вашиот карактер, бидејќи тој станува ваша судбина.”  И ќе дополнам, мислата нека ве води кон цвет, раката нека биде таа која ќе го спроведе делото и ќе подари цвет, нека ви премине во навика да дарувате цвеќе, тоа ќе го дефинира вашиот карактер и вашата судбина ќе биде цветна и мирисна. „Гарден центар Стошиќ“.