Германија на неодредено време излегува од Шенген?

0
574

Новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер сака контролите на германските граници да ги задржи на неодредено време и да ги прошири и на останатите премини, со што Германија практично би излегла од Шенгенскиот систем, пренесува денес Велт ам зонтаг.

„Контролите на границите кон соседите мора да бидат толку долго на сила сѐ додека Европската Унија не успее да воведе поефикасна заштита и контрола на надворешните граници. Но не гледам дека тоа во догледно време може да ѝ успее“, кажа Зехофер од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во разговор за неделното издание на Велт.

Тој воедно најави дека контролите би требало да бидат проширени и на останатите германски гранични премини.

„Во моментов не се многу гранични премини во Германија трајно контролирани. Мора да зборуваме за тоа дали така може да остане. Не станува збор само за спречување на нелегалните преминувања на границата туку и за останатите заштитни функции“, кажа Зехофер.

Во моментов Шенгенскиот систем на германско барање е укинат на германско-австриската граница и на барање на Данска на германско-данската граница.

mkd.mk