Германија нема да го екстрадира Пучдемон

0
256

Германскиот суд донесе одлука поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон да биде пуштен од затвор со кауција.

Судиите во државниот суд во Шлезвиг-Холштајн „веруваат дека во однос на обвиненијата за побуна, екстрадицијата е нелегална“, бидејќи Пучдемон лично не бил вмешан во насилствата за време на референдумот за независност во Каталонија од минатиот октомври, се вели во соопштението.

На тој начин неговите постапки не се казниви според германскиот закон, рекоа судиите, отфрлајќи го аргументот на обвинителите дека шпанското обвинение за побуна е слично со германскиот закон за „велепредавство“ за да се оправда екстрадицијата, пренесе АФП.

Државниот суд во Шлезвиг соопшти дека е одредена кауција во износ од 75.000 евра за 55-годишниот поранешен претседател на шпанската покраина Каталонија.

mkd.mk