Германија размислува за бесплатен јавен превоз во градовите за намалување на загадувањето

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Германија ги изненади своите соседи со намерата да воведе бесплатен јавен превоз за да го намали загадувањето.

Намерата е наведена во писмо до Европската Комисија. Целта е да се намали бројот на приватни автомобили.

Предлогот ќе биде тестиран до крајот на 2018 година и тоа во градови од Западна Германија.

Ќе се огранични емисијата на штетни гасови и ова ќе биде приоритет за Германија.

Заедно со Франција, Шпанија, Италија и други земји членки Германија доцни во спроведувањето на овие мерки.

Во најмалку 130 европски градови воздухот е загаден.  400.000 луѓе ширум Европа умираат од загаден воздух секоја година.

Share.