Германската министерка за одбрана во посета на Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сакаме да ја градиме Европа заедно со вас. Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен и дека на крајот ќе се движите по вистинскиот пат, изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер  Лаин на денешната заедничка прес-конференција во македонското Министерство за одбрана со нејзината македонска колешка Радмила Шекеринска.

– Референдумот претстои. Знам дека тој е поврзан со името на вашата држава, вашиот идентитет и историја, но сепак во овој референдум гледам голема шанса. Верувам дека граѓаните на вашите земја ќе земат активно учество. Од нашето искуство во врска со германското обединување можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат. И кога зборувам за искористување на шансата сакам да кажам дека зборувам за обединета Европа, дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас, рече министерката Фон дер Лаин.

Министерката Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање што доколку референдумот не успее и дали Македонија ќе остане пред вратата на НАТО,  изрази уверување дека референдумот ќе биде успешен и дека земјата веќе се подготвува за пристапните разговори со НАТО.

Share.