Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола и оваа година традиционално го одбележа, 26 септември-Европскиот ден на јазиците.

Голема благодарност за организацијата до предметните наставници по македонски јазик и литература, француски јазик, англиски , германски и латински јазик. Ништо немаше да биде успешно без учениците и нивните родители, кои се погрижија за настанот да биде како што прилега за претставување на европските кујни, рекоа на одбележувањето.

На настанот присуствуваше и Почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

Во 2001 година Советот на Европа и Европската комисија го определува 26 септември како датум за одбележување на Европскиот ден на јазиците. Целта е да им се даде значење на јазиците како фундаментален и нераскинлив дел од културното наследство на Европа и сите активности коишто се организираат на овој ден, се во насока на истакнување на важноста од изучувањето на јазиците.

Европскиот ден на јазиците од една страна ја промовира богатата јазична и културна разноликост на Европа и придонесува за подигнување на свеста за многујазичноста и меѓукултурното разбирање, а од друга страна ја промовира и поддржува идејата за доживотно учење јазици во и надвор од училиштата, студирањето, како и изучување јазици за професионални потреби или за задоволство.





Фото: Гимнaзија „Јосип Броз Тито“












