ТЕРА

REKLAMA???

ГИМНАЗИЈАТА ОД ПРИЛЕП ВОВЕДЕ ВИЗУЕЛЕН ФОРМАТ НА ПРАВИЛАТА ЗА ИЗГЛЕДОТ НА УЧЕНИЦИТЕ

Правилата за надворешниот изглед на учениците во гимназијата „ Мирче Ацев“ во Прилеп добија визуелен формат. Со плакат, поставен на влезната врата и низ ходниците на училиштето, учениците се потсетуваат дека треба да се придржуваат до правилата од Кодексот за однесување и надворешен изглед.

„Досега ваквите правила на учениците им беа досега прочитани како соопштение, или кажани од класните раководители, од предметните професори. Ова си постои од секогаш во училиштето, но сега за оваа учебна година решивме висуелно да ги претставиме овие правила. На учениците не им е дозволено во училиштето да носат големи нокти, да доаѓаат со пирсеви, со маички на прерамки, со хеланки, со шорцеви или бермуди или кратки панталони, со кратки маички со голи стомаци, со искинати фармерки и со тренерки, освен на часовите по спорт“, рече Весна Михаиловска, директор на  СОУ Гимназија„Мирче Ацев“- Прилеп.

Ваквиот визуелен формат на правилата за надворешниот узглед на учениците е позитивно прифатен од учениците, но и од професорите и родителите, вели директорката.

Од оваа учебна година училиштето воведе и ограничена употреба на мобилните телефони од страна на учениците

„На наставнички совет донесовме одлука за ограничена употреба на мобилните телефони во училиштето. Станува збор за ограничена употреба на телефоните за време на часовите. Учениците не смеат да ги користат телефоните за време на час освен кога се за постигнување на целите на часот,“, вели директорката Михаиловска.

Во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп настава следнат 650 ученици.