Евроамбасадорот Дејвид Гир дојде во Битола. Во 14 часот започна средбата со советници од советот на Општина Битола.

„Како дел од редовните активности, амбасадорот Гир редовно посетува општини низ земјата и во рамките на тие посети вообичаено остварува средби со градоначалниците, советниците на општините, млади луѓе, граѓани. Со оглед дека досега се нема сретнато со советниците во Битола, оваа средба ќе биде остварена во рамките на посетата закажана за понеделник. На средбата амбасадорот Гир ќе разговара со советниците за повеќе прашања од интерес“ стои вчерашниот одговор од Делегацијата на ЕУ во Скопје, за тоа која е целта на оваа средба.
Пред средбата ги прашавме Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ и Мирјана Захариевска-Ралевска од СДСМ за денешниот состанок.

„Покана добивме од евроамбасадорот да имаме средба сите советници. Од материјалите кои што ни беа испратени се меморандумот за соработа со Европската куќа која функционира во Општина Битола, во мрежата на Европски куќи во Македонија, тоа е меморандум за проширување на соработката со Европската куќа и тоа е навистина добар проект кој што се имплементира од страна на Европската унија во државата. Битола е една од точките на Еворпска куќа во Македонија и денеска претпоставувам, бидејќи немаме точно за што ќе се разговара, тема ќе биде меморандумот за соработка, бидеќи истиот треба да биде на седница на Советот на Општина Битола, ќе се најде како точка на дневен ред на наредните седници, бидејќи се отстапува простор на неопределно користење како што е наведено, во Офицерскиот дом, претпоставувам дека тоа ќе биде темата на разговор, а можеби и други теми за проекти кои што Евроспакат унија ги имплементира во државата“ рече Бојкоски.

„За денешната средба ние добивме официјална покана на маил сите советници, повод е отворањето на Европската куќа во рамките на Офицерскиот дом“ рече Захариевска-Ралевска.

Во август оваа точка за парите за велоспидски патеки беше тргната од дневен ред на барање на СДСМ за дополнителни информации, а подржани од Поинаку и Левица.
„Официјална информација немаме дали за тоа ќе се разговара, претпоставувам дека самата посета на евроамбасадорот тука на Општина Битола ќе биде јасна порака до сите советнички групи кои претходниот пат го опструираа, односно го блокираа проектот за изградба на велосипедски патеки, со цел Општина Битола успешно да продолжи да го импелемнира тој проект и конечно Битола да добие велосипедски патеки“ вели Бојкоски.

„Ние воопшто не го блокираме проектот, тој си течи и ќе течи до февруари 2024 година. Јас не знам зошто таква перцепција има локалната власт, апсолутно во две години докажавме дека сме конструктивна опозиција, меѓутоа секој денар, макар и на европските даночни обврзници треба да биде оправдан во својата употреба. На седницата во август ние побаравме повлекување на точката на проектот чија базичност е туризам и реконструкција на објектот „Парк“ кој е во еден споменичен склоп со Офицерскиот дом. До ден денес, значи месец и половина ние не сме добиле дополнителни информации за што и беше побарано повлекување на точката. Со ова што општината бара пренамена на средства апсолутно нашиот став е дека сме против, затоа што прво не е изработена сообраќајна студија. Со оглед дека основата на овој проект е туризам, за каков туризам зборуваме од двете страни на „Партизанска“ и едната страна на „Васко Карангелевски“, праша Захариевска-Ралевска.

Амбасадорот Гир на почетокот на средбата рече дека е тука за нивните прашања поврзани и со Европската унија, со фондовите, со работата на Европската куќа во Битола.
„Ние овозможивме големи фондови за различни проектни активности во Битола, дали тоа се историски реставрации на делови од Хераклеја за да се донесат повеќе туристи, реставрацијата на Офицерскиот дом, самиот објект, исто така и проекти кои се за генерални други активности и објекти во градот, значи нашата намера е да продолжиме со инвестирање во овој град, така што преку Европската куќа покажуваме уште повеќе дека сме посветени и дека гледаме историја во Битола, град кој што има длабока и силна европска историја и идентитет. Ова е тоа што навистина сакав да ви го кажам и понатаму да ве слушнам, да ви ги одговрам вашите прашања и да дискутираме за секакви прашања кои што се важни и значајни за граѓаните и за вас. Оставам на вас да ги поставите прашањата, наместо јас да ви наметнувам некоја агенда, затоа што поенатат е да имаме отворена дискусија, така што многу ви благодарам. Ова е тоа што сакав да го направам како едно отварање на дискусијата “ рече амбасадорот Гир.

Советниците започнаа со прашањата за велосипедските патеки, односно пренамената на средствата кои беа планирани за реконструкција на објектот „Парк“ во проектот за велосипедски патеки.












