Ги следеле и оние кои немале профили на Фејсбук

0
730

Фејсбук ве следи дури и ако немате профил на оваа мрежа, откри основачот на компанијата Марк Закерберг на вториот ден од сослушувањето во американскиот конгрес.

Фејсбук прави „фантомски профили“ за луѓето кои никогаш немале профил на социјалната мрежа, но би можеле да направат во иднина.

Фејсбук преку пристапување до контактите, мејл адресите, телефоните и листите на пријатели на корисниците има пристап и до луѓето кои немаат профил на социјалната мрежа, па креира фиктивни профили кои се базирани на добиените информации од постоечките корисници. Ова беше потврдено од Gizmodo и The Verge во последните неколку дена, а Закерберг на ова имаше само да каже дека корисниците имаат избор самите да подесат кои информации ќе ги споделат со Фејсбук.

Сепак, Марк Закерберг не одговори на прашањето како точно некој од овие луѓе на кои се базирани фиктивните профили може да дознае што точно Фејсбук знае за него и како да пристапи до тие информации. Марк проба да заобиколи директен одговор, велејќи само дека Фејсбук преку „cookies“ дознава некои од податоците на корисниците на интернет.