Главески двоен стрелец, Пелистер пресилен за Велазерими

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фудбалерите на Пелистер ја совладаа екипата на Влазерими и се зацвстија на табелата на Втората фудбалска лига – Запад. Стрелци за Пелистер беа Бујчевски од пенал и два гола на Главевски. Натпреварот се отвори неповолно за избраниците на Дарко Крстески бидејќи Влазерими поведе во првата минута со голот на Дани.

Радоста на гостите траеше многу малку, бидејќи Пелистер брзо израмни со голот на Бујчевски кога пеналот го претвори во гола во 5. минута. Филип Бошковски беше срушен во казнениот простор, а пеналот оправдано досуден.

Во второто полувреме започнаа Шопоски и Симјаноски, а потоа и Маневски и Пелистер ја имаше целосната иницијатива. Вториот гол падн“ во 59. минута, кога по ударот на Шопоски, Благојче Главевски постави нога, а топката заврши во мрежата на гостите.  Во надополнувањето по изминувањето на 90. минута, Благојче Главевски ја потврди победата со убав гол кој го постигна од десната страна во казнениот простор.

Share.