Главна награда на фестивалот ZINEBI за филмот на битолчанката Марија Апчевска

Филмот на Марија Апчевска, во продукција на „Кино Oко” ja освои главната награда на 63-то издание на ZINEBI – Bilbao International Documentary and Short Film Festival ZINEBI.
Исто така, на истиот фестивал филмот „Северен пол” доби номинација за Европските филмски награди (EFA) European Film Awards.
Овој фестивал е единствениот во Шпанија од А-категорија за краток игран и документарен филм кој е препознаен од организацијата FIAFP (International Federation of Film Producers Association).

На фестивалот беа пријавени 3500 филмови, избрани се 18 меѓу кои и македонскиот “Северен Пол”, кој ја освои главната награда.

Овој филм претходно, ја потврди високата позиција на Македонија на светската мапа од филмската уметност и ги отвори вратите на македонската кинематографија на еден од најреномираните филмски фестивали, Канскиот.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ.

Сценариото за Северен Пол беше едно од 16те избрани за развој на European Short Pitch, каде последната фаза беше јавното преставување на проектот пред публика од продуценти во Брест. 

Македонската премиера беше во рамките на годинешниот ИФФК. Браќа Манаки, промоциите по реномирани фестивали продолжија и тоа на Сараевскиот филмски фестивал, фестивалите во Италија, Талин, Швајцарија и други, а следната година ќе биде прикажан на Лондонскиот фестивал за краток филм кој ќе се одржува од 14 ти до 23 ти јануари.

Овој филм е сниман на 16 милиметарска филмска лента. Честитки до целата екипа.

Неда Маретиќ

Сподели