Главниот кризен штаб ќе решава за предлог мерките против ковид-19

Главниот кризен штаб денеска ќе расправа за предлог мерките на Комисијата за заразни болести според кои во државниот сектор вработените за влез на работното место ќе мора да прикажат или сертификат за примена вакцина против ковид-19 или ПЦР негативен тест направен на свој трошок не постар од 72 часа или пак доказ дека ја прележал болеста во последните 45 дена.

Конечната одлука за ова треба да ја донесе Владата.

Синдикатите се против, сметаат дека на работниците не им е оставен избор, односно дека таквата мерка ќе значи задолжителна вакцинација, имајќи предвид дека никој нема да може финансиски да издржи постојано плаќање за ПЦР тест.

Сподели