Глутница кучиња на Широк сокак

0
3113

Глутница кучиња синоќа сеела страв на битолското корзо. Како што велат граѓани кои се затекнале околу 19 часот на Широк сокак, кучиња скитници трчале по минувачите.

Тие лаееле и трчале по нив, минувачите се обидувале да побегнат и да спасат жива глава.

И не е прв пат да информираме за вакви случки. Глутници кучиња се забележани и во други делови на градот.

Законот е за оние кои имаат домашни миленици и кои доколку прописно не ги шетаат, можат да заработат казна.

Во овој случај најверојано се работи за кучиња скитници, кои треба да бидат третирани од страна на шинтерската служба.