Говедска опашка за Ерос Рамацоти

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан, истакнуваат од Авалон.

Во рамките на својата светска турнеја, која почнува на 17 февруари 2019 година, каде го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“ (којшто излегува на 23 ноември), а која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Tој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција (звук, светло и видео) и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување, покажано и докажано низ годиниве од негова страна како едно од највозбудливите во светската музичка индустрија, додаваат од Авалон.

Ако пребарате на Гугл ќе наидите на интересни статии кои ги пишуваат порталите за гостувањето на Рамацоти и неговите барања односно неговиот тим испрати список на барања кои што мора да бидат исполнети онаму каде настапува.

Една од желбите е дека мора да се гледа некој посебен канал кој го емитува фудбалскиот тим додека игра натпревар или за време на тренингот. Тоа е тимот кој тој го купи неодамна, а кој се уште игра во непрофесионална лига.

Ерос сака антена во бекстејџот. Потребно му е да гледа некој канал на кој се емитува неговиот фудбалски клуб. Ерос толку многу сака фудбал што купи мал тим кој игра во непрофитабилна категорија. Член е на Националниот фудбалско претставништо на пејачи и актери кои играат пријателски натпревари за хуманитарни цели – открива изворот.

Што се однесува до храната, тој доаѓа со свој готвач. Ерос обожава да јаде говедска опашка. Кога е стајлингот во прашање, на концертот ќе носи или „Салватор Ферагама“ или пак „Армани“.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

Влезниците за концертот на Еros Ramazzotti, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk.

Share.