Говорот на омраза и слободата на изразување

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Говорот на омраза и слободата на изразување. Овие две теми се најдоа пред новинарите, адвокатите и претставници на Јавното обвинителство на Македонија. Викенд дебата и искуства, односно практиките на Европскиот суд за човекови права кои ги пренесе поранешната судијка од Македонија Мирјана Лазарова-Трајковска. Новинарите сметат дека во случаите на говор на омраза потребна е итна рекација на институциите, за да се прати пораката на казнивост.


И Фидановски од Агенцијата за медиуми како претставник на ЗНМ во ова регулаторно тело смета дека е битна брза реакција, со цел да се спречат примерите на говор на омраза кои ако останат неказнети, можат да продуцираат и други кривични дела.


Еден од случаите за кои се дискутираше беше и пресудата на Европскиот суд за човекови права, предметот Селмани и останатите против Македонија, за настаните од 24 декември 2012 година кога новинарите беа влечени од галеријата на Собранието на Македонија за време на инцидентот во пленарната сала кога се носеше буџетот.

Со свои пораки од оваа работилници и францускиот амбасадор во Македонија Тимоние.

Новинарите за прв пат на ваква средба се соочија односно можеа да прашуваат за работата на Јавното обвинителство на Македонија, кое пак последниве години е под критика и на дел од јавноста.

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението на новинари на Македонија ја организираа работилницата „ Практиката на европскиот суд за човекови права и на Јавното обвинителство на Македонија во случаите за медиумската слобода“.

Настанот финансиски беше подржан од ЕУ и Француската амбасада во Скопје.

Share.