Гого Видимче нов директор на Центарот за развој на Пелагонискиот регион

0
3228

Нов директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе биде Гого Видимче.

Тој  како што потврди денес за ТЕРА  е избран на седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион во кои членуваат градоначалниците на девет Пелагониски општини-Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Могила, Новаци, Долнени, Демир Хисар и Кривогаштани.

Видимче доаѓа на местото на Емилиа Героска, досегашен директор на ЦРППР.