Годинава ќе завршат градежните работи на пругата Битола-Кременица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот. Досега 90% од градежните работи се веќе завршени, соопшти Министерството за финансии.

Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38  пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина.

До крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на 8 патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.

Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра. Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради слаба реализација на проектот, соопштуваат од Министерството за финансии.

 

Share.