Голема забава со Мариа Антона в сабота во „Добри Вибрации“ на Широк сокак

0
1655

По добрата забава од изминатиот викенд со диџејот од Грција Кристос Фуркис, кафе барот „Добри Вибрации“ на Широк сокак, Ве поканува и овој викенд на добра забава со радиопродуцентот и диџеј Мариа Антона од Грција.

Ова е само почетокот на добрите забави во новоотворениот кафе бар кај Камен мост на Широк сокак.

Од „Добри Вибрации“  најавуваат забавно и културно лето.

Мариа родена е во Грција. Својата љубов кон музиката ја откила за време на нејзините студии. Работи како продуцент во атинска радио станица, а на телевизија има своја емисија.

Од 2011 година настапува ширум светот од Либан, преку Египет, Германија, Шпанија, Италија, на Кипар во најдобрите барови и ноќни клубови.

 

.