Голема победа на кошаркарите на Пелистер против Гостивар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новиот тренер Љупчо Малинков не можеше да посака подобро деби на клупата на Пелистер. Во еден од дерби дуелите од деветтото коло на Првата кошаркарска лига битолчани го совладаа Гостивар со 89-79, во убав натпревар и амбиент во спортската сала „Боро Чурлевски“. Отсуството на Александар Костовски и тоа како се почувствува во гостинскиот табор, кој не личеше на себе во Битола.

Пелистер:

Думиќ 11, Враниќ 11, Пенов 8, Мекиќ 13, Казарновски 17, Цветковски 20, Трсунов, Обедниковски 2, Атанасовски, Гулевски, Голубовиќ 4, Зекири 3.

Гостивар:

Доналдсон 12, Димитриевски 6, Џелетовиќ 8, Стерјов 5, Димчевски 23, М. Димитриевски 6, Р. Димитриевски 1, Печановски, Тасовски 17, Вучковиќ 1.

Share.