ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМИОТ Get EXITed НАСТАН ВО СТРУМИЦА ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД 20.000 ПОСЕТИТЕЛИ

Големиот Get EXITed настан кој во средата се одржа пред повеќе од 20.000 луѓе во Градскиот парк во Струмица, во организација на „ЕГЗИТ” тимот, со маратонска музичка програма во траење од повеќе од 10 часа, ги надмина сите очекувања на бројната публика. Со феноменалната атмосфера и енергија, покрај извонредната посетеност која го надмина капацитетот на просторот во кој се одржуваше настанот, оваа забава им парираше на најголемите настани во Македонија и ги наговести размерите на новиот Егзитов фестивал чие покренување е планирано за следната година.
 
Со своите фантастични настапи домашната, но и публиката од Бугарија, Грција и Србија, ја воодушевија водечките имиња од светската и регионалната музичка сцена – славната италијанска техно ѕвезда Дебора Де Лука, глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Махмут Орхан, неприкосновената балканска трап кралица Сенида, еден од најпознатите регионални диџеи Кристијан Молнар, како и изведувачите од домашната музичка сцена Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце САФ и Чваре. 

Основачот и директор на „Егзит” Душан Ковачевиќ изрази големо задоволство по повод настанот во Струмица и објасни дека Get EXITed е вовед за фестивалот кој ќе се одржи во 2023 година 

ЕГЗИТ е најголемата организација во музичката индустрија на Југоисточна Европа, која покрај самиот Егзит, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, има 12 свои фестивали во седум земји. До сега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип” фестивалот во Белград, „Си Денс” и „Ада Дивајн Авејкенинг” во Црна Гора, „Револушн” во Романија, „Си Стар” во Хрватска, „Ековејвс” во Грузија, „Фестивал 84″ во Босна и Херцеговина, „Санленд” на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамси Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс” во Инѓија и многу други.
 
Мисијата на „Егзит” од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и збогатување на културната понуда преку развојот на креативните индустрии и фестивалскиот туризам.

Агим Џело