Големи протести во Словачка

0
159
Словаците излегоа на масовни протести во главниот град.

Околу 65.000 демонстранти протестираа во Братислава по оставката на премиерот Роберт Фицо, објави Би-Би-Си.

Tие бараат предвремени избори, стравувајќи дека поранешниот премиер ќе се обиде да ја задржи власта, со оглед на тоа што мандатот на неговата Коалиција навршува по 2020-та година.

Демонстрантите по третпат, излегоа на протести иако вчера поднесе оставка премиерот Роберт Фицо, кого го обвинуваат за раширената корупција.

Тие повикаа и на генерален штрајк.