Големи студентски протести во Албанија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Илјадници албански студенти во Тирана ги одржаа најголемите протести, кои почнаа минатата недела со барање за намалување на надоместокот за студирање.

Студентите  најавија радикализација на протестите , кои освен во Тирана , секојдневно се одржуваат и во другите поголеми градови.

Сега има се приклучија и средношколците, а има најави дека кон протестите ќе се приклучат и нивните родители.

Тие бараат намалување на надоместокот за школарина, зголемување на државниот буџет за образование , сузбивање на корупцијата кај професорите при добивање дипломи и подобар студентски стандард.


Share.