Големо невреме во Охрид и Струга

0
1352

Невреме со силен ветер беснее во подрачјето на Охридското езеро вечерва и крајбрежјето на Охрид и Струга се поплавени, објави порталот СДК.

Центарот за управување со кризи предупреди дека се очекуваат и врнежи од дожд од 20 литри на квадратен метар и силен јужен ветер со брзина од 80 километри на час.

Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон Црн Дрим.

Стабилизирање на времето се очекува дури утре попладне.