Големо невреме во Франција, пет лица загинаа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во силното невреме што ја погоди југоисточна Франција, животот го загубија пет лица.

Две лица загинаа во надојдена вода и тројца спасувачи загинаа во хеликоптер додека се упатуваа да им помогнат на загрозените.

Тројца патници во хеликоптерот за цивилна безбедност, кои се движеле за да им помогнат на жителите погодени од невреме во одделот Вар, беа пронајдени мртви во близина на Марсеј синоќа, во област која не е под црвена метролошка тревога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во обилните врнежи од дожд синоќа на Азурниот брег, две лица настрадаа во областа Вар, соопшти полицијата.

 

Share.