Големо снежно невреме во Европа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Рекордни колечства снег и натаму го пореметуваат нормалното секојдневно функционирање во големи делови од Австрија, Германија и Чешка, а метеоролозите за крајот од седмицата најавуваат нови врнежи.

Од минатиот викенд само во Австрија од врнежите предизвикани од големите количества снег, животите ги загубија седум лица. Во јужната сојузна германска покраина Баварија во четвртокот деветгодишник загина откако на него под тежината на снегот паднало дрво. Претходно во вторникот пензионер загинал по пад од покрив од кој сакал да го исчисти снегот. Горската служба за спасување во кругот Цел-ам-Зе спасила девет туристи од источна Европа, коишто и покрај предупредувањата од лавини, се движеле надвор од обележаните патеки.

Share.